По голема битка, Олександр Усик го победи Тајсон Фјури во Ријад и на тој начин ги обедини сите титули во тешка категорија.
Борбата траеше сите 12 рунди, а на крајот Украинецот победи со поделена одлука на судиите. Фјури во негов стил се огласи веднаш по борбата. Тој го прегрна и бакнуваше својот голем ривал, а потоа со изјавата ги шокираше сите.
– Најпрво сакам да му се заблагодарам на мојот господар, спасител, Исус Христос, за оваа фантастична борба со Олександр. Верувам дека победив, верувам дека победив во повеќето рунди. Добро се боревме, најдобро што можевме. Неговата земја е во војна, луѓето застанаа на негова страна поради тоа. Ја победив таа борба, ќе се вратам, имам клаузула за реванш – изјави Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА