Фјури во лош момент ја прекина соработката со тренерот

Британскиот боксер, Тајсон Фјури ја прекина соработката со тренерот Бен Дејвисон по две годишна соработка. Разделбата се случи во незгоден момент бидејќи Британецот на 22. февруари го очекува борба против шампионот во ВБЦ категорија Дионте Вајлдер. По победата на Фјури над От Валин во септември, неговиот татко го критикуваше Дејвисон велејќи дека Тајсон мора да го промени цел тренерски тим.

„Тајсон и јас моравме да донесеме одлука поради своите кариери, а тоа резултираше со тоа да ја прекинеме соработката“, напиша Дејвисон. 

 

Се вчитува...