Еден од најстарите македонски фудбалски клубови, струмичка Беласица денеска го одбележа јубилејот „95 години“ од своето формирање.
Во присуство на бројни спортски работници, поранешни и актуелни членови на клубот, Беласица означи безмалку еден век функционирање.
На свеченоста во ресторанот „Космополит“ во Струмица, беше промовирана книгата „95 ГОДИНИ ФК БЕЛАСИЦА“, како и новата химна на клубот. Беа доделени и благодарници и признанија за сите кои во минатото и сега имале и имаат удел во функционирањето на клубот, допринесувајќи за неговиот развој.
Потенцирано беше дека токму преку годината во која слави јубилеј, Беласица е цврсто решена од следната сезона повторно да се врати на прволигашката сцена во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА