Новиот прволигаш Борец, кој по повеќе од една деценија се враќа во елитата, ќе ги игра своите натпревари на домашен терен на стадионот во Велес кој има вештачка трева. Останатите клубови на денешниот Одбор на клубови при ФФМ се пожалија дека жештините ќе создадат дополнителен „пекол“ на теренот со вештачка трева, но и Борец веднаш има контра-прашање, дали другите клубови во ноември и декември ќе обезбедат добри услови за натпревар, или ќе се игра на калливи и поплавени терени.
„Ние како клуб ги правиме сите напори,да овозможиме професионални услови за натпревар. Теренот е од највисок квалитет на вештачка трева и на неа може да се играат и меѓународни натпревари. За подобрување на условите за игра теренот ќе се наводнува со вода пред натпревар и на полувреме… Но, ние како клуб сега сакаме да прашаме, кога ќе падне првиот есенски дожд и кога ќе заврне снег во ноември, декември, дали клубовите ќе ни овозможат нас професионални услови за игра како што доликува по европски стандарди? Кога ќе заврне дожд во Струга (игралиштето е бара), на Чаир игралиштето е тиња, во Кратово и Тетово во ноември и декември теренот е замрзнат, на другите терени тревата е уништена“, коментираат од новиот прволигаш Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

