Македонскиот фудбалски второлигаш Брегалница ја информираше јавноста дека на утрешниот меч против ФК Скопје во Втората лига ќе биде пуштена во употреба западната трибина на стадионот во Штип.
Исто така овој натпревар ќе се одигра и под рефлектори.
„Ја известуваме фудбалската јавност во Штип дека за утрешниот меч против ФК Скопје (кој ќе се одигра под рефлектори), во функција ќе биде пуштена западната (нова трибина). Сите љубители на фудбалот и поддржувачи на нашиот клуб, почнувајки од утре, ќе можат да ги бодрат штипските сини од новата трибина.
Воедно, ги известуваме нашите верни навивачи, Н.К. Фаланга дека тие ќе можат да влезат на источната (стара) трибина и од своето вообичаено место да ја бодрат сино-белата чета. Освен навивачкиот клуб, на старата трибина ќе бидат сместени и новинарските екипи“, стои во соопштението на штипјани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

