Финални мечеви од Детските лиги: ФК Форца победник меѓу најмалите, Вардар со четири трофеи!

Изминативе денови на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот на ФФМ“ во Скопје, се одржа финалниот турнир на Дестките лиги на ФФМ за сезоната 2016/2017. Заврши уште една сезона на ФФМ детските лиги. Ги добивме новите шампиони на Македонија во шест возрасни категории (2004-2009).

pehari za najmladite

Во прекрасна атмосфера, новите шампиони ги примија пехарите и медалите од претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, од селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски, од директорот на А репрезентацијата Саша Ќириќ и од генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. Поединечните награди за најдобри стрелци и најдобри голмани по генерации беа доделени од репрезентативците од А тимот, Спировски Стефан и Филип Гачевски, како и од дел од момците од У-21 кои ја направија горда цела Македонија, Игор Алексовски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Кире Маркоски.

Во категоријата на играчи од генерацијата 2009 година, победник на турнирот е ФК Форца од Скопје кој со поддршката на својот главен спонзор Еуростандард банка стигна до златниот трофеј на овој турнир.

Младите фудбалери од сите генерации уште еднаш потврдија дека македонскиот фудбал има своја иднина, оставајќи сериозен простор за верба дека многумина од нив ќе прераснат во спортисти со кои во иднина сите ќе се гордееме.

Четири од пет генерации, пак, ма ФК Вардар станаа шампиони на Детската Лига. Генерациите на деца родени 2004, 2005, 2007 и 2008 година станаа прваци на ниво на целата Македонија откако ги совладаа своите противници во финалињата.

Stefan Stojanovski - fk vardarГенерацијата 2004 година дури по изведувањето на пеналите го победи тимот на Шкендија, откако во регуларниот дел заврши 4-4. Херој на екипата на Вардар беше голманот Стефан Тасев кој што успеа да одбрани три пенали во серијата. Вардар 1, пак, од оваа генерација освои и трето место откако беше подобар од Ел-Џи Битола со 4-1.

Избраниците на Игор Кралевски, односно генерацијата 2005 година освоија прво и трето место. Во финалето Вардар 1 беше подобар од Ферплеј со 4-0, додека за третото место Вардар 2 го совлада тимот на Ел-Џи Битола со 7-0.

Генерацијата 2006 година, пак, во финалето беше многу блиску да го освои трофејот. Меѓутоа момците на Филип Арсовски дури по изведувањето на пеналите загуби од Албарса со 6-7, откако во регуларниот дел беше 2-2.

вардарци

Генерацијата 2007 година предводена од Зоран Петковски најпрво во меч за третото место го совлада Фудбал Старс со 18-1, а потоа во финалето Вардар 1 беше подобар од Ферплеј со 4-0.

И, најмалата генерација на фудбалери родени 2008 година предводена од Павел Неделковски, во финалето го совлада тимот на Талент Битола со 4-1 и се закити со шампионскиот пехар.

Се вчитува...