Струга и Гостивар одиграа без победник 1-1 во натпревар од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига.
По завршувањето на мечот се случи голема мешаница на излезот од стадионот во Струга во која се најдоа членови од двата табора.
Со свое соопштение излегоа и од ФК Гостивар кои велат дека тројца фудбалери и еден член на персоналот на тимот се во полиција во Струга пет часа.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на ФК Гостивар.
„Три наши фудбалери и еден член на персоналот се пет часа приведени во полициската станица во Струга. Не смеат да се гледаат со своите сопруги или соиграчи. Управата на тимот и нашиот спортски директор со часови чекаат на студ пред полициската станица да добијат вести за ситуацијата во која се наоѓаат тие“, стои во соопштението од ФК Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА