Од 6-8 јуни 2025 година во Ќустендил, Бугарија се одржа годишниот меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу млади луѓе со интелектуална попреченост од Бугарија и Македонија.
ФК Карпошово, поддржан од ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца, а како дел од проектот „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”, отпатува на настанот со 12 лица спортисти, тренер, и 2 стручни лица. Целта на ФФМ е преку проектот „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”, е да им овозможи на лицата со интелектуална попреченост да играат фудбал и да го подигнат квалитетот на својот живот.

Овој настан е дел од спортскиот календар на ФАПА Бугарија и е важен елемент на одржливи меѓународни партнерства во областа на адаптираните спортови.
Натпреварот за прв пат се одигра во градот Ќустендил, со асистенција на локалната СК Адаптирани Спортсове – Ќустендил, која го развива спортот за деца и млади со интелектиална попреченост.

Фудбалот уште еднаш докажа дека е многу повеќе од игра, тој е јазик на доверба, почит и соработка.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

