По крајот на есенскиот дел од сезоната, од прволигашот Македонија ЃП со ново соопштение повикуваат на оставки во Судиската комисија на ФФМ поради бројните судиски грешки низ првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Од Македонија ЃП, велат дека со начинот на делење на правдата во шампионатот само се бркаат инвеститорите во фудбалот.
СООПШТЕНИЕТО ОД МАКЕДОНИЈА ЃП ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
По завршеното последно коло во првата и втора МФЛ и катастрофалните судиски одлуки кои влијаеа на конечниот резултат на неколку натпревари СУДУСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ се уште не ја објавува ниту нивната анализа.
Затоа прашуваме :
– Дали со тоа сакаат да се премолчат овие срамни одлуки и да не ги признаат, или се срамат од нив?
– Зошто оваа судиска организација го врати Стојанче Стојанов и му ја оживеа судиската кариера која е полна со лоши одлуки и штети нанесени на многу клубови, судија кој со години беше трнат од натпреварите во 1МФЛ?
– Зошто од судиска упорно се делегираат едни исти судии и покрај добивање на неколку слаби оцени во една полусезона, додека некои судии не добиваат ниту шанса да се докажат во 1МФЛ?
– Дали со ваква работа сакаат да ги тргнат и странските инвеститори кои во оваа сезона се во рекорден број од постоењето на фудбалот во Македонија?
Вака нема да привлечеме нови луѓе кои ќе инвестираат во нашиот фудбал, туку ќе ги загубиме и тие што ги имаме во моментот.
МАРЈАН РИСТЕСКИ ЗЕМИ ОДГОВОРНОСТ И ПОДНЕСИ ОСТАВКА БИДЕЈЌИ ТИ ДЕЛЕГИРАШ СУДИИ, ИЛИ МОЖЕБИ НЕКОЈ ДРУГ….??????
Уште еднаш ќе повториме ВИЕ СТЕ НАЈЛОШАТА СУДИСКА.
САМО СО ОСТАВКИ ЌЕ ПОКАЖЕТЕ ДЕКА ИМАТЕ ЧУВСТВО ЗА ФУДБАЛ И СРАМ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

