ФК Њу Старс од Скопје прослави 10 години од своето постоење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На стадионот „Млади Лавови“ во скопската населба Ѓорче Петров, беше прославена 10-годишнината од постоењето на една од најдобрите фудбалски школи во моментов во Македонија, ФК Њу Старс. Колективот кој цела деценија егзистира на македонската спортска сцена, и еден од најорганизираните во Македонија.

Она што може со гордост да се каже е тоа што ФК Њу Старс е релативно млад фудбалски клуб основан 2011 година, во главниот град. Основната цел на овој фудбалски клуб е креирање на индивидуи со здрави навики, со развиени социјални и тимски вештини, личности кои ќе бидат значаен дел и во нашиот тим, но и во општествената заедница. Клубот е
предводен од 12 УЕФА лиценцирани тренери, oд кои двајца со ПРО-лиценца. Во моментов, брои 786 регистрирани фудбалери.

Младинските екипи во последните пет сезони се постојани учесници во завршниците полуфинале и финале на Купот на Македонија, со три од четири натпреварувачки генерации последниве две години кога е прекинато натпреварувањето, а пред две години играа финале со 2002 година.Исто така е меѓу најдобрите четири младински екипи и во националното
првенство. Учесници се во „Супер младинската лига на ФФМ“, во „Детската лига на ФФМ“ и меѓу најдобрите три во “Трета лига“ со сениорскиот тим веднаш по првата сезона помината во општинската лига. Со трпелива, квалитетна и континуирана работа, полека ФК Њу Старс станува бренд во младинскиот фудбал, ова го констатираме затоа што ФК Њу Старс веќе има 7-8 стандардни репрезентативци во младите категории.

Настанот го отвори со говор основачот на ФК Њу Старс, Илчо Ѓорѓиоски, додека пак дел од гостите беа личности од јавната сцена, голем број родители со своите деца, како и членовите на ФК Њу Старс. Фудбалскиот клуб Њу Старс не ги заборава и оние, без кои не би бил тоа што е, без кои еден спортски колектив не може да функционира тренерите. Сите спортски работници кои од позадина, кои се исто толку битни алки колку и оние на фудбалскиот терен, кои несебично се вложија и беа безрезервно инволвирани во клубот добија благодарници на самиот настан “10 години постоење ФК Њу Старс”. Настанот се заврши со лотарија, на која се доделуваа награди.

Од ФК Њу Старс изјавуваат дека им беше огромна чест што заедно, како едно семејство, како еден вистински спортски колектив, го прославија 10-годишно постоење. Уписите во нивната фудбалска школа, се во тек, посетете ги на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...