Фудбалскиот клуб Охрид се јави со реакција после денешното одиграно коло во Втората лига. Гостивар успеа да дојде до победата, а домашните се огласија со соопштение.
Охриѓани велат дека на неколку пати биле оштетени, и се надеваат во иднина дека ќе имаат фер судење.
„Денеска на натпреварот против екипата на Гостивар бевме оштетени во повеќе наврати. Уште од самиот старт, еден дерби натпревар кој требаше да биде фудбалски празник беше пресечен од судиската тројка со престрого доделениот црвен картон во 10-тата минута. Во никој случај не сакаме ни да помислиме дека тие беа тендециозни. И во минатото бевме драстично оштетени. Ако грешките се ненамерни нека се пронајде начин за решавање на истите. На пример ВАР технологија која што е достапна во втората косовска лига.Се надеваме дека во иднина ќе имаме фер судење. Ние како клуб ќе продолжиме да работиме на организација и напредок во клубот и ништо нема да не спречи во таа намера“, се вели во соопштението од ФК Охрид, и објавија видео од спорните ситуации.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА