Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер ќе организира прослава на јубилејот „80 години од постоењето на Пелистер“ на која ќе гостува и романскиот гигант Динамо Букурешт кој од 10 до 12 октомври ќе биде гостин и ќе одигра роденнденски пријателски натпревар против сениорската екипа на Пелистер.
„Ни претставува особено задоволство да го најавиме викендот на прослава за нашиот клуб, нашиот спорт и нашите навивачи. Организациониот одбор за прослава на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“ ја комплетираше програмата со која со низа манифестации нашиот клуб и град ќе го одбележи големиот јубилеј.
Сакаме да изразиме голема благодарност до романскиот гигант,Динамо Букурешт, кој ќе биде наш гостин на 10,11 и 12 октомври и ќе одигра роденнденски пријателски натпревар против сениорската екипа на Пелистер. Се работи со гигант на романскиот фудбал, 18-кратен шампион и 13-кратен освојувач на Купот на Романија и поранешен клуб на нашиот капитен Мирко Ивановски.
Агенда за прославата на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“
● 11.10.2025
18:00 -Официјална прес-конференција на ФК Пелистер и Динамо Букурешт во прес-салата на стадионот „Петар Милошевски“
19:00 – Свечена академија на ФК Пелистер во салата на Народниот театар во Битола
● 12.10.2025
20:00 -Меѓународен пријателски натпревар – Пелистер – Динамо Букурешт
22:30 -Свечена вечера на претставниците на двата клуба
ФК Пелистер дополнително ќе ја извести јавноста за останатите активности и продажбата на билетите за натпреварот.“, стои во соопштението на Битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

