ФК Пелистер со три контроли во Анталија ќе ги одработи зимските подготовки

Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер главниот дел од подготовките ќе ги одработи во Анталија за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Првата фаза ќе биде одработена во Битола, а од 17. до 31. јануари битолчани ќе се подготвуваат во турскиот центар Анталија. Тимот ќе се екипира и со цел потенцијал ќе ја бруси формата низ тренинзи и интернационални пријателски натпревари.

20 јануари – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24 јануари – Пелистер – Железничар (БиХ)
28 јануари – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

Се вчитува...