ФК Победа: Клубовите да имаат мнозинство во Собранието на ФФМ

По повод последните случувања во македонскиот фудбал со свој стави и второлигашот ФК „Победа“ – АД Прилеп од каде, нешто слично како и дел од останатите клубови, побараа прво промени во Статутот на ФФМ па избори за претседател.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ПОБЕДА ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

ФК „Победа“ АД – Прилеп ги почитува позитивните законски прописи во државата и ги охрабрува институциите да се заложат тоа да важи за СИТЕ подеднакво. Како што е мнението и на другите клубови од првата и втората лига и нашиот клубот стои на фактот дека Стаутот на ФФМ не е усогласен со Законот за спорт и истиот МОРА да се усогласи како што тоа го направија сите национални федерации во Република Северна Македонија.

Дури откако ФФМ ќе го усогласи Статутот со Законот за спорт, треба да се организираат избори, каде клубовите ќе го имаат мнозинство во Собранието на ФФМ, со што ќе имаат можност да одлучуваат за се што е поврзано со фудбалот.

Поради тоа, голем дел од клубовите одбија да учествуваат во изборите на Општинските фудбалски сојузи – ОФС (кои во досегашниот статут се членки на ФФМ).

Сведоци сме дека во последните години, некој друг, а не клубовите, во Собранијата на ФФМ одлучуваат за фудбалот во Македонија.

За кого тогаш се игра фудбалот !!! Почнаа да БЕГААТ спонзорите и да ги оставаат клубовите на цедило. Пред 2 години од ФК Вардар остана без инвеститорот, ФК Пелистер и ФК Победа ги напуштија СИТЕ акционери, оваа година истото се случи во ФК Борец – прашуваме кој ќе биде следен ?

Се надеваме дека институциите конечно ќе помогнат да се исправи оваа неправда, затоа што со вакво владеење со кое не се почитуваат позитивните законски прописи во државата не може да победи фудбалот !!!

Се вчитува...