Фудбалскиот прволигаш Работнички преку соопштение на социјални мрежи се огласи за ситуацијата на вчерашниот натпревар против Гостивар во кој гостиварци се повлекоа од теренот во 85. минута.
Соопштението на ФК Работнички ви го пренесуваме во целост:
„Фудбалскиот клуб Работнички жали што вчерашниот натпревар од 29.коло во Првата лига беше прекинат и фудбалерите на ФК Гостивар го напуштија теренот.
Ние секогаш ќе се залагаме за спортски фер-плеј и за фудбалско витештво, без разлика колкаво е значењето на натпреварот, со максимална почит кон сите субјекти (противници, судии, претставници на ФФМ, навивачи).
ФК Работнички секогаш максимално ќе се залага фудбалот да биде на прво место и бодовите да се освојуваат токму на теренот“, стои во објавата на клубот од Дебар Маало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА