Светската фудбалска федерација ФИФА, денеска додели суспензија за регистрација на фудбалери на неколку македонски фудбалски клубови.
Машките фудбалски прволигаши Шкупи и Воска повторно се најдоа на листата на клубови со забрана за регистрација на фудбалери, но изненадувачки на листата се најде и женскиот фудбалски клуб, Љуботен.
Сите три тима имаат забрана за регистрација на фудбалери во следните три преодни рока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА