Фудбалскиот второлигаш Тетекс денеска достави официјално барање до Државниот Инспекторат за Локална самоуправа за стопирање на одлуката од 2016 година со која Градскиот стадион во Тетово е даден на 35 години користење на фирмата „Еколог“ која е генерален финансиер на ФК Шкендија.
„Проблемите за Градскиот стадион во Тетово продолжуваат. Доста е. Бараме решение од страна на државните институции во Македонија. Борбата ќе ја продолжиме по секоја цена, нашиот дом односно храм е во Тетово!!!“ – се вели во реакцијата на ФК Тетекс.
„Бараме од вас итно да ни биде доставена одлуката на Советот на општина Тетово, записникот од извршениот инспекциски надзор и Одлуката за запирање на примената на донесената одлука“ – се вели во барањето од ФК Тетекс до Државниот Инспекторат за Локална самоуправа.
ФК Тетекс изминативе години е постојано надвор од својот дом – Градскиот стадион, барајќи постојано алтернативни решенија за своите натпревари. Но, од клубот сега порачуваат дека се решени повторно да се вратат на стадионот на натпреварите во иднина во второлигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА