ФК Вардар: Да се дозволи присуство на „Комити“ на дербито во Битола, без навивачи фудбалот губи многу!

Во 14. коло од Втората македонска фудбалска лига најголемата македонска дерби-пресметка меѓу Пелистер и Вардар во Битола, на мечот на кој ќе биде пуштена во употреба и новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ под Тумбе кафе.

Пред дербито, од ФК Вардар со барање до Пелистер да биде дозволено присуство на навивачката група „Комити“ во Битола, како повторно би се вратил сјајот на македонското дерби на вистински начин онака како доликува на фудбалска претстава. Од Вардар со барање и натпреварот место во сабота (3. декември) да се игра во недела (4. декември) како би се издвоил од сето останато на домашната сцена…

„Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група “Комити Запад”. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група “Чкембари Битола” на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје. Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се  одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби. Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект. Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!“ – се вели во соопштението од ФК Вардар.

Се вчитува...