ФК Вардар домаќин на силен меѓународен младински турнир

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија Вардар, ќе биде домаќин на силен меѓународен младински турнир за фудбалери до 14 години. Учество на турнирот кој ќе се одржи од 26. до 29. мај годинава, покрај домаќинот ќе бидат и Црвена Звезда и Партизан од Србија, Хајдук од Хрватска, словенечкиот Марибор и Левски од Бугарија.

Натпреварите ќе се играат на тренинг комплексот на ФФМ, а ќе бидат пренесувани и на регионалната „Спортклуб“.

„ФК Вардар е организатор на првото издание на Vardar Cup Skopje, силен младински меѓународен турнир за играчи до 14 години на кој учество ќе земат топ 6 екипи од Балканот. Турнирот ќе се одржи од 26-29ти мај оваа година и натпреварите ќе се одиграат на терените на нашиот тренинг камп и на тренинг комплексот на ФФМ. За повеќе информации во врска со турнирот следете ја страницата на Vardar Cup Skopje“, стои во соопштението од ФК Вардар. 

 

Се вчитува...