Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги официјализираше новите две засилувања за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Се работи за голманот Давор Талески и напаѓачот Едиз Спахиу. 29 годишниот голман роден е во Прилеп, каде што ја започнува својата професионална голманска кариера. Има настапувано за Хонка од Финска, АЕ Лариса од Грција, како и за домашните Победа, Металург, Брегалница, Пелистер, Струга.
„Знам што значи да се биде дел од еден ваков голем клуб. Моите очекувања се да се подобриме во оваа полусезона, па во следните години да го вратиме клубот таму каде што му е местото. Шампионска титула и успех во Европа“, изјави Талески.
23 годишниот офанзивен играч Едиз Спахиу, од мноштвото интернационални како и домашни клупски понуди, одлучи да потпише за скопскиот клуб. Спахиу доаѓа од екипата на Тиквеш за која во полусезоната што помина постигна 4 гола, а со истите го има освоено и Купот на Македонија. Покрај Тиквеш, Спахиу има играно и за екипите на Гостивар и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА