ФК Вардар: Натпреварот против Струга ТЛ го чинеше клубот 10.000 евра

Фудбалскиот клуб Вардар на својот профил на „Икс“ објави дека натпреварот со Струга ТЛ во првенството ги чинел 10.000 евра, вклучувајќи и ги казните кои ФФМ ги изрече за лоша организација и за пиротехника.

Вчера ФК Вардар објави дека ФФМ изречило казна од 5.000 евра за користење на пиротехника од страна на навивачите. Згора на тоа, Вардар беше поразен на теренот со убедливи 1-4.

Се вчитува...