ФК Вардар одбил понуда од 350.000 евра за Мато

ФК Вардар добил понуда за продажба на играчот Кассим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350 000 евра, која била одбиена без размислување, информираат од најтрофејниот клуб.

„Управата и стручниот штаб на ФК Вардар целат кон освојување на двете титули во македонскиот шампионат, како и поубедлив настап на следните европски натпреварувања. Така што речиси воопшто не се ни размислуваше за продажба на најдобриот стрелец во лигата со постигнати 12 погодоци во полусезоната што помина“, велат од ФК Вардар

Кассим Рогерс Мато е целосно заздравен од повредата (скршеница на стапало), поради која отсуствуваше од неколку натпревари, и во полна форма го очекува почетокот на вториот дел од сезоната на ПМФЛ.

Се вчитува...