ФК Вардар: После осум години ќе биде одблокирана сметката на клубот

Фудбалскиот клуб Вардар ја извести јавноста дека е стартувано со одблокирањето на сметката на клубот, која е блокирана веќе осум години.

Од најтрофејниот македонски фудбалски колектив известуваат дека очекуваат финансиска консолидација, откако ќе ги исплатат долговите како кон иснтитуциите, така и кон оние фудбалери и тренери кои имаат побарувања.

„АД ФК Вардар – Скопје ја известува заинтересираната јавност дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години“, велат од Вардар.

Како што информираа од клубот, стартуваат два договори, приложена 120% гаранција за исплата на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаѓање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати.

Се вчитува...