Грузиецот Џамбул Џигаури (24) е нов член на ФК Вардар. Тој денеска го официјализираше договорот со „црвено-црните“ на една година, со можност за продолжување на соработката за уште дев години. Ангажманот на Џигуари треба дополнително да ја зголеми конкуренцијата на крилните позциии, со оглед дека неговата главна позиција е десно крило, но може да игра и на спротивната страна. Џигуари е второ зимско засилување, после Бесир Демири.
„Прв пат сум во Македонија и моите впечатоци за клубот Вардар и за Скопје се позитивни. Знам се за Вардар, ја знам ситуацијата во клубот, слушнав само добри работи. Се гледа дека клубот е организиран, има добри луѓе, се гледа дека имаат доверба во мене и многу ми е драго што сум дел од овој тим. Ветувам дека ќе дадам максимум за успесите на клубот. Знам дека екипата е на прво место и јас ќе давам се од себе на секој меч сите заедно да придонесеме за успеси. Една од многуте причини поради кои дојдов тука е тоа што Вардар има големи амбиции и брзо чекори напред. Ваква амбициозна екипа оди на секој меч на победа без разлика дали станува збор за првенство, Куп или за Европа. Посакувам еден ден со Вардар да играм во групната фаза од Лигата на шампионите“ – изјави Џигаури за клупскиот сајт на ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА