Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на подготовките во Словенија објави уште две нови засилувања за новата сезона во ПМФЛ. Се работи за Сеук – Гјун Ким од Јужна Кореја и Марио Костов.
Корејскиот интернационалец игра на левата крилна позиција, a во Вардар доаѓа доаѓа од Кипарската екипа Акритас во која изминатата полусезона настапи на 11 натпревари, на кои постигна 2 гола. Нов фудбалер е и младиот македонски талент Марио Костов, кој доаѓа од редовите на АП Брера.
Вардар на подготовките во Словенија ќе одигра пријателски натпревари против Динамо Загреб и Свонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА