Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар откако ги стартуваше подготовките по палката на Горазд Михајлов, полека почнува да ги средува и финансиските проблеми.
Вардарци утре во 12 часот ќе потпишат договор за генерално спонзорство со австриски „Новоматик“. Потпишувањето на спонзорскиот договор ќе биде во просториите на компанијата.
Вардар досега доведе едно засилување, дефанзивецот Филип Најдовски, а обновен е договорот и со Дејан Ѓуриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА