ФК Вардар закажа пет контролни средби во Анталија

ФК Вардар во вториот дел од сезоната во Првата машка фудбалска лига го очекуваат тешки натпревари во борбата за опстанок во кој најтрофејниот македонски тим ќе влезе и со делумно нов ростер откако беа промовирани нови засилувања.

А, пак тренерот Гоце Седлоски составот ќе го воигрува во Анталија за каде се закажани пет контролни натпревари против екипи од Казахстан, Грузија, Украина, Унгарија и Австрија.

„Црно-црвените“ силите ќе си ги одмерат со Актобе на 22.01, Сабуртало Ибериа 1989 на 26.01, Верес на 29.01, Цсквар на 31.01 и Рапид Виена на 05.02.

Се вчитува...