Фламенго не дозволи изненадување, чека на Ливерпул во финалето

Фламенго е првиот финалист на клупскиот Мундијал што се одржува во Катар, откако шампионот на Јужна Америка го доби полуфиналето против азискиот првак Ал Хилал со 3-1.

Токму тимот на Ал Хилал беше многу подобар на почетокот од полуфиналето, заслужено поведувајќи со голот на Ал Давсари. Бразилците делуваа во шок во првото полувреме, но потоа во вториот дел ја презедоа контролата и на самиот почеток стигнаа до израмнување откако Де Араскаета со гол круниса една извонредна тимска акција.

Полуфиналето беше решено за само неколку минути, Енрике со прецизен удар со глава го донесе Фламенго во водство, а веднаш потоа Албулајхи со неспретна интервенција си постигна автогол, за печат на победата на бразилскиот состав.

Во второто полуфинале утре силите ќе ги одмерат Ливерпул и Монтереј.

Се вчитува...