Фламенго сака да го доведе Винициус

Спортскиот директор на бразилскиот гигант Фламенго, Хозе Бото упати покана до ѕвездата на Реал Мадрид Винициус Жуниор да дојде во клубот.

Винициус има договор со кралевите до 2027 година, па од бразилскиот клуб велат дека нивната врата за него секогаш е отворена.

„Договорот на Винисиус завршува наскоро. Нашата врата за него е отворена, сè зависи од Вини. Секако дека ќе зборуваме кога му завршува договорот“, кажа Бото.

Се вчитува...