Флечер: Фергусон немаше никаква улога, постои друг човек кој го направи Роналдо вистински голгетер

Пред 19 години Кристијано Роналдо ги воодушеви челниците на Манчестер Јунајтед на подготвителниот натпревар кој овој клуб го одигра против Спортинг Лисабон, а Португалецот беше главна тема по тој натпревар.

Набрзо потоа тој потпиша за „црвените ѓаволи“ а се друго е историја.

За Роналдо зборуваше и неговиот поранешен соиграч Дарен Флечер, кој откри дека тогашниот помошник тренер во тимот, Волтер Смит, бил еден од најзаслужните што Роналдо израснал во таков играч каков што е денес.

„За мене, Волтер Смит е личноста која го направи Роналдо нешто повеќе. Тој дојде во клубот како помошник некаде околу Божиќ 2003 година. Роналдо сакаше да дрибла на тренинзите и правеше се сам, но тогаш Смит донесе одлука која го промени. Смит одлучи дека нема да има прекршоци на тренинзите кога играме. Роналдо тогаш само дриблаше и тој сакаше се сам, а ние постојано го фаулиравме … Што се случи неколку недели подоцна? – Роналдо почна да ја додава топката бидејќи му здодеваше од толку многу дриблинзи. Почна да игра на еден или два допири и да трча во празно. Потоа веќе почна да постигнува многу повеќе голови и се случи клик во неговата глава. Тој имаше многу поголемо влијание на играта и тогаш започна трансформацијата на Крис“, откри Флечер.

Се вчитува...