Фленсбург се пасира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако славеше победа и во вториот меч од осминафиналето против Кристијанштад со 27-24. Германскиот тим беше поуспепен и на првиот натпревар на гостински терен (22-26) и со две победи го осигура местото во Топ 8 во елитното европско натпреварување.
Во следната четвртфинална фаза која е последен филетр за Ф4 турнирот во Келн, Фленсбург ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Монпелје и Барселона.
Директен пласман во четвртфинлаето имаат Вардар и ПСЖ како првопласирани во групната фаза. Четвртфиналните двојки ќе бидат комплетирани викендов по одигрувањето на останатите реванш осминафинални натпревари. Вардар го чека победникот од дуелот меѓу Кил и Пик Сегед, а ПСЖ ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Рајн Некар Левен и Кјелце во која полскиот тим по првиот меч има огромни 24 гола предност.
Последната четвртфинална двојка ќе биде составена од победниците во дуелите Веспрем – Скјерн и Нант – Мешков Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА