Фленсбург со плус четири ќе патува во Сегедин

Бундеслигашот Фленсбург славеше на домашен терен против Пик Сегед со 25-21 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во ракометната Лига на шампиони и со солидна предност ќе патува на реваншот следната недела во Сегедин.

Домаќините на феноменален начин го отворија натпреварот. На голот феноменален беше Бенџамин Буриќ кој запиша седум интервенции, по што Германците на пауза заминаа со  предност од плус четири 14-10.

Во второто полувреме гостите во неколку наврати се обидуваа да фатат приклучок, но домаќините не им дозволија и на крајот стигнаа до триумф од 25-21. Хампус Ване со пет гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Гарсијандиа Алустинза.

Македонскиот шампион Вардар утре од 18.45 во СЦ „Јане Сандански“ ќе го дочека унгарски Веспрем, а Никола Митревски и неговиот Порто ќе играат против францускиот Монпелје.

1/8 ФИНАЛНИ ПАРОВИ:

ДЕНЕСКА: 

Елверум – ПСЖ  30-30

Фленсбург – Пик Сегед 25-21

УТРЕ: 

ВАРДАР – Веспрем

Порто – Монпелје

Се вчитува...