Флерш по страшниот судир и операцијата од 11 часа: Ќе се вратам уште посилна

Софија Флерш имаше огромна среќа преживувајќи го страшниот судир по излетувањето од патеката за време на трката во Формула 3 што се возеше во Макау, кога болидот на германската тинејџерка ја прелета заштитната ограда и со огромна брзина се удри од платформата наменета за претставниците на медиумите. Таа беше експресно пренесена во болница, беше утврдено дека има спинална фрактура, а хируршкиот зафат за да се спречи да остане парализирана траеше дури 11 часа.

Лекарите одлично си ја завршија работата и Флерш засега мирува во својата болничка соба во Макау, но младата Германка не крие дека желба и е да се врати на патеките, штом целосно се рехабилитира од тешката повреда.

„Сакам да им се заблагодарам на фановите за бројните пораки со желби за опоравување, кои сега почнувам да ги читам. Тоа ми дава храброст, ме мотивира. Моите мисли се со останатите кои беа повредени во инцидентот, се надевам дека сите ќе заздрават. Голема благодарност до сите во ФИА, Мерцедес, за луѓето од организацијата во Макау кои ми даваат безрезервна поддршка. Јас ќе се вратам“ – порача 17-годишната Софија.

 

Се вчитува...