Маркус Рашфорд е чекор поблиску до Барселона откако тренерот Ханси Флик конечно дал зелено светло за каталонскиот гигант да ги интензивира преговорите за трансфер на англискиот офанзивец.
Рашфорд уште пред повеќе од еден месец јавно ја искажа желбата да се пресели во Барса, но тогаш по една рунда преговори истите беа прекинати поради инсистирањето на Флик да биде доведен Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Трансферот беше блиску до реализација, но Вилијамс во последен момент се премисли и потпиша договор со Атлетик, па Барса е принудена да ги разгледува останатите опции на пазарот.
Сега ситуација е поинаква, поради финансиски проблеми Луис Дијаз делува како недостижна опција, па Флик дал зелено светло за Рашфорд, кој би бил достапен дури и на позајмица од Манчестер јунајтед, со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Таа опција најмногу им одговара на каталонците, па се очекува директорот Деко во наредните денови да ги интензивира преговорите за што поскоро да најде заеднички јазик со Барса, ако се знае дека веќе е постигнат договор со самиот Рашфорд, кој е подготвен и да ги намали сопствените примања за овој трансфер да биде реализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

