Флик: Десет години во Барса? Не ми се верува дека би издржал толку…

Ханси Флик е новиот миленик на навивачите на Барселона откако германскиот стручњак за кратко време успеа да состави беспрекорна офанзивна машинерија што ги „мелеше“ противниците се до неочекуваниот последен пораз од Реал Сосиедад.

Германецот заслужува само пофалби за начинот на кој го преобрази тимот што делуваше „заспано“ кон крајот на ланската сезона под водство на Чави, фановите бараат Флик да добие веднаш нов долгогодишен договор, но Германецот јасно стави до знаење какви му се долгорочните планови.

„Ме прашавте дали би останал во Барселона во наредните 10 години? Искрено, не… не верувам дека можам да бидам толку долго во еден клуб. Јас сум среќен овде, горд сум што сум тренер на Барса, но не се гледам толку долго на кормилото на каталонскиот гигант. Иман четири внуци и тие го заслужуваат моето време пред да наполнам 70 години. Ќе видиме…“, изјави Ханси Флик.

Се вчитува...