Флик директно преговараше – Барса добива супер-засилување

Џонатан Тах ќе биде прво засилување на Барселона за наредната натпреварувачка сезона откако одличниот дефанзивец на Баер Леверкузен ги договори сите детали од соработката со каталонскиот гигант. Договорот на Тах истекува во јуни 2025, така што тој веќе од 1 јануари ќе може да потпише преддоговор со каталонскиот гигант, нешто што се очекува сигурно да се случи во текот на првиот месец од новата година.

Тах веќе неколку години наназад важи за еден од најдобрите дефанзивци во Бундес-лигата, за кого неслучајно се интересираат неколку европски гиганти. Баерн Минхен беше во офанзива за негов потпис минатото лето, но баварците не се согласија на отштета од 30 милиони евра колку што бараше Баер и дефанзивецот остана во Леверкузен за да ја одработи последната година од актуелниот договор.

Директорот Деко ги почна разговорите со Тах и неговиот агент, но клучната улога ја одигра тренерот на Барселона, Ханси Флик, Тој го познава дефанзивецот од времето кога беше селектор на Германија и имаше добра соработка со него, па гаранциите од Флик за добра минутажа се покажале пресудни Тах да ја прифати понудата на Барса, со која тој ќе потпише за каталонскиот гигант до јуни 2030 година.

Останува да се види дали доаѓањето на Тах ќе значи и заминување за Араухо, кој влегува во последните 18 месеци од договорот и доколку наскоро не ја продолжи соработката сигурно ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...