Флик: Дојдовме до нашата цел – трите бода

Тренерот на Барселона , Ханси Флик, беше задоволен од победата од 2-1 над Ваљадолид . Тој направи многу промени во својот состав, давајќи им шанса на некои млади играчи, за да ги сочува силите за реваншот од полуфиналето во ЛШ против Интер.

Тие не играа многу убедливо, но тренерот рече дека не им е лут, бидејќи целта беа трите бода и тимот ги заслужи.

„Целта беше да освоиме три бода и затоа сум среќен, иако успехот дојде тешко. Не сум разочаран од тимот, бидејќи направивме многу промени и тоа е секогаш тешко. Имам доверба во моите играчи, тие дадоа сè од себе и не беше лесно да се игра во оваа ситуација. Имаше некои грешки, но важно е што на крајот победивме“, рече Флик.

Го прашаа дали планирал да ги игра Ламин Јамал, Рафиња и Де Јонг, или го направил тоа за да ја спаси ситуацијата.

„Планот беше Педри и Де Јонг да играат 45 минути. Рафиња доби шанса да се одмори, а Ламин играше малку повеќе. Но, добро е што го задржа ритамот. Моравме да вложиме повеќе труд отколку што очекувавме, но тоа е нормално кога губите со 0-1“, додаде Германецот.

Се вчитува...