Барселона игра одлично од стартот на сезонава, претседателот Лапорта е на добар пат со новиот спонзорски договор со „Најки“ да ги реши финансиските проблеми на каталонскиот гигант, а тренерот Ханси Флик веќе почна да ги планира следните потези на пазарот.
Барса нема да купува нови играчи во јануари, чувајќи се за летна офанзива, но приоритет ќе биде да се продаде најмалку еден до двајца играчи од првиот тим, за да можат да се регистрираат играчите кои меѓу последните минатото лето пристигнаа во Барселона.
Каталонските медиуми најавуваат дека прв на излезна врата се наоѓа Андерс Кристенсен, данскиот репрезентативец кој извесен период е повреден, но и пред повредата не покажал доволно за Ханси Флик да смета сериозно на неговите услуги. Во ситуација кога Кубарси игра фантастично, а наскоро по повредата ќе се врати и Араухо, каталонците се решени да го продадат Кристенсен и да отворат простор во буџетот за плати.
Информациите од Барселона тврдат дека Флик веќе имал директна средба со Кристенсен, јасно ставајќи му до знаење дека не е дел од неговите планови. Данецот веќе има неколку понуди, за него се интересираат Манчестер Јунајтед и Јувентус, но двата тима се заинтересирани само за шестмесечна позајмица и останува да се види дали Барса ќе се согласи на ваква опција или ќе инсистиа на перманентен трансфер на овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА