Флик: Германија повторно ќе биде светска сила

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханси Флик верува дека неговиот тим може да ја врати славата и врвната форма по неколкуте неуспешни години во кои Германците не се ни блиску до претпознатливото ниво.

Пред пријателските натпревари против Франција и Јапонија искусниот стратег дека е позитивно расположен од репрезентативите и има верба во тимот кој направил пресврт и влегува во нова фаза.

„Позитивно сум расположен, имаме план и можам да ви ветам дека сме добро подготвени. Последните неколку недели бев да гледам многу играчи, со кои зборувавмее за иднината, за очекувањата и за нивната улога во репрезентацијата. Ова ми дава доверба дека тимот сфаќа што е потребно да се направи и тоа е секогаш најважното со моите фубалери. Дојде до точка на пресврт, сега почнува нова фаза. Сега ќе почнеме да играме со клучниот тим и ќе се кренеме“, вели Флик.

Се вчитува...