Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не крие дека би сакал уште едно засилување во одбраната во зимскиот преоден рок.
Андреас Кристенсен доживеа уште една повреда што ќе го одвои неколку месеци, Роналд Араухо се врати по паузата поради ментални проблеми, а со заминувањето на Иниго Мартинез минатото лето, јасно е дека Барселона мора да бара решение во јануарскиот преоден рок.
„Кога ќе ја погледнеме нашата одбрана, мислам дека ни треба уште едно засилување. Ќе почекаме и ќе видиме дали имаме простор, мора да направиме нешто што има смисла“, рече Флик на конференцијата пред градското дерби со Еспањол.
Тој исто така потврди дека Ламин Јамал и Дани Олмо се подготвени за овој натпревар. Јамал го пропушти вчерашниот тренинг поради непријатност, но денес веќе беше во тимот, додека Олмо се врати по еден месец, по победата над Атлетико Мадрид кога заработи повреда на рамото.
„Дани Олмо го заврши целиот тренинг, Јамал е исто така добро, нема проблем. Можеме да сметаме на двајцата“, истакна Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

