Флик го испрати првото предупредување до Рашфорд

Маркус Рашфорд пристигна како големо засилување ова лето, но во Барселона не се задоволни од она што го видоа во трите натпревари досега.

Рашфорд добиваше шанса, не се прослави, а сега сигурни каталонски извори пишуваат за незадоволството на Ханси Флик. Германецот наводно го предупредил Рашфорд дека треба да се подобри и физички и ментално ако сака да игра за Барселона.

Каталонските извори пишуваат дека Флик сè уште верува во квалитетите на Рашфорд, но го предупредил за јасните работи што мора да ги направи за и натаму да биде во комбинација за настап за „Каталонците“. 

Во Англија, неговата променлива форма и психолошка нестабилност се познати одамна, иако за тоа знаеја и во Барселона, поради што го доведоа само на позајмица за една година.

Се вчитува...