Флик го открил „кртот“ во соблекувалната на Барселона

Синоќа било многу бурно во Барселона. Сè се случи за време на натпреварот од Купот на Кралот против Гвадалахара (2:0), а едно лице беше јавно посрамотено пред целиот тим.

Некој откривал тајни од соблекувалната до синоќа. Наводно Ханси Флик успеал да го пронајде „кртот“ и да го разоткрие пред сите.

„Ханси Флик синоќа пронајде и јавно го откри кртот во соблекувалната. Лицето кое споделувало информации од соблекувалната било фатено“, објави новинарот Виктор Наваро.

Германецот реши јавно да го посрамоти кртот пред целиот тим. Сепак, сè уште нема информации за кого станува збор. Исто така, не е познато како Флик успеал да го пронајде и открие човекот кој работел против Барселона во изминатиот период. Познато е само дека тој го посрамотил пред целиот тим.

Се вчитува...