Ханси Флик на прес-конференција говореше за утрешниот дуел од Копа дел реј во кој неговата Барселона ќе се сретне со Валенсија. Стратегот на каталонскиот гигант одговори и на прашање поврзано со последното писмо од Реал Мадрид кон Шпанската Фудбалска Федерација, со кое „кралевите“ ги обвинија судиите дека биле директни виновници за нивниот пораз од Еспањол минатиот викенд.
Тој потсети дека Барселона се однесувала на највисоко ниво во периодот кога резултатот не бил според очекувањата, повикувајќи и големиот ривал да научи нешто од каталонскиот гигант.
„Да бидам искрен, ние никогаш не би направиле такво нешто, да напишеме такво писмо. Тоа не е нашиот стил, ние не измислуваме алиби за нашите неуспеси. Направивме неколку „киксови“ и затоа заостануваме на табелата, вината ја бараме единствено во нашите редови затоа што сите сме луѓе и сите грешиме, па така и судиите, мора да се покаже грижа и разбирање и за тие луѓе. Тоа е моето лично мислење на оваа тема, но од друга страна, секој клуб си има право да реагира онака како што мисли дека е правилно“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

