Флик го претрпе „најголемото разочарување во животот“, иднината на Барса заминува од „Камп Ноу“

Педро „Дро“ Фернандез, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација повеќе нема да биде дел од Барселона и наскоро се очекува да премине во редовите на ПСЖ по активацијата на откупната клаузула од шест милиони евра.

Фернандез се сметаше за еден од клучните фудбалери на каталонскиот тим за иднината, фудбалер кој својот раскошен талент го разви во Ла Масија, но со понудите на некои од најголемите европски клубови се одлучи да не се бори за своето место во Барселона што наиде на незадоволство кај тренерот Ханси Флик кој според шпанските медиуми на блиските им соопштил дека го доживеал „најголемото разочарување во животот“.

Со оглед на тоа што неговото заминување се очекува во следните денови, германскиот стратег донесе одлука тој повеќе да не тренира со првиот тим со цел да се избегне повреда, но и поради тоа што фудбалерот повеќе не е посветен за работа во тимот.

Се вчитува...