Актуелниот тренер на Барселона, Ханси Флик се договори со клубот за нова соработка, која ќе трае најмалку до 2027 година. Флик е пред освојување на титулата во Ла Лига, играше во полуфиналето во Лигата на шампионите, а клубот веќе ги освои Купот и Супер-Купот на Шпанија.
Двете страни се договориле, а останува само официјализација. Тоа ќе биде сторено откако Барселона и дефинитивно ќе ја освои шампионската круна, а за тоа му е потребна само уште една победа во последните три кола.
Флик дојде во Барселона на почетокот на оваа сезона, и веднаш ги освои симпатиите на фановите со одличниот настап во Ла Лига, како и во Лигата на шампионите. Иако тимот беше елиминиран од Интер, сепак, од Барселона се задоволни од работата на Германецот и затоа ќе добие нова соработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

