Флик: Јамал е добро, секогаш ќе стојам на негова страна

Ламин Јамал добри многу критики за својот настап против Реал Мадрид во „Ел Класико“, а исто така беше нападнат од домашните фудбалери, поради коментарите кои ги даваше пред дербито.

Шпанскиот репрезентативец дури се скара со неколку свои соиграчи од националниот тим, како Карвахал, а сега тренерот на Барселона, Ханс Флик проговори за неговата моментална состојба.

„Ламин се справува добро, иако чувствува непријатност. Добро напредува, и тоа е најважно. Разговарав со него, и секогаш ќе му помагам. Тој е фантастичен млад човек. И ќе продолжиме по истиот пат“, изјави Флик.

Се вчитува...