Ханси Флик беше презадоволен од настапот на својот тим во убедливата победа од 4-0 на првиот натпревар против Борусија Дортмунд. Барса е многу блиску до место меѓу најдобрите четири екипи во Европа, но Флик јасно им стави до знаење на своите фудбалери дека нема да дозволи никакво опуштање на реваншот во Дортмунд.
„Уште не сме во полуфиналето и тоа треба да им биде јасно за сите. Одлично е кога ќе славите со четири постигнати гола, кога тимот игра добро, но не сакам да се создаде атмосфера дека веќе сме во полуфиналето. Фудбалот е луд спорт, во него се случувале и поголеми чуда, затоа мораме и реваншот да го одиграме на исто ниво како првиот натпревар. Борусија е квалитетен тим, затоа мораме да ги лимитираме грешките на минимум и на реваншот исто како што тоа го направивме на првиот натпревар“, изјави Флик.
Тренерот на Барселона откри и добра вест за каталонците, повредата што Ламин Јамал ја заработи во финишот кога мораше да биде заменет сепак не е од посериозен карактер.
„Ламин е во ред. Има одиграно многу натпревари и нормално е некогаш да има замор или болка. Се е во ред со него, одигра неверојатен натпревар“, истакна Ханси Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА