Флик јасно и гласно: Не смее голманот да биде наш најдобар играч на терен

Барселона стигна до значајна победа на гостувањето против Вилјареал и повторно има четири бода предност во однос на Реал Мадрид.

Тренерот Флик мора да биде задоволен од резултатот, но не и од играта на својот тим ако се знае дека Барса повеќе од едно полувреме играше со фудбалер повеќе на теренот.

„Победата е она што е најважно. Среќен сум бидејќи освоивме три бода против силна екипа, екипа што игра допадлив фудбал и создава многу шанси. Мило ми е и за нашиот голман Жоан Гарсија, кој беше човек на одлука и со неколку одлични интервенции ни ја донесе победата. Среќен сум за него, но од друга страна никогаш не ми се допаѓа кога голманот ни е најдобар играч на еден меч. Не би сакал тоа да ни се повтори, но во секој случај најважно е што победивме и фудбалерите сега можат да заминат на заслужен одмор“, истакна Флик.

Се вчитува...