Флик лут како рис: Осум минути ВАР за да измислат нешто што не постои

Бесни беа во таборот на Барселона по убедливиот пораз од 4-0 од Атлетико Мадрид во полуфиналето од Копа дел реј, а Ханси Флик очекувано веднаш по мечот се осврна на арбитражата.

Каталонците постигнаа регуларен гол на почетокот од второто полувреме што беше поништен со ВАР, иако подоцна судиската организација призна дека ВАР-линиите биле нацртани од страна на судиите, бидејќи системот за полуавтоматски офсајд не функционирал.

„Не можам да разберам, осум минути гледаа на ВАР за да поништат гол што беше регуларен. Осум минути да измислат нешто што не постои. Тоа не е фудбал, никако не може да биде фудбал“, изјави Флик.

Тој се осврна и на бруталната игра на домаќините и заслужениот црвен картон што еден од фудбалерите на Атлетико не го доби по бруталниот старт врз Балде.

„Оној старт врз Балде? Тоа е црвен картон како и да гледаш. Ние останавме со играч помалку бидејќи се штитат фудбалерите, но ако е тоа така критериумот мора да биде ист за сите. Можеме да прифатиме пораз, тоа е нешто нормално, но никогаш нема да прифатиме неправда и да молчиме. А вистината е дека сите судиски одлуки отидоа во корист на едниот тим“, прокоментира стратегот на Барселона.

Се вчитува...