Флик: Мораме да го штитиме тоа што го сакаат навивачите

Пред полуфиналниот натпревар против Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија, тренерот на Барселона говореше и за младата ѕвезда Ламин Јамал кој поради повреда е неизвесен за првиот натпревар од двомечот.

Флик имаше интересна изјава велејќи дека треба да се заштити тоа што го сакаат навивачите – игра со топка и директен дуел со противниците.

„Мислам дека мораме да ги заштитиме играчите. Не само посебните играчи. Тоа е многу важно. Затоа што мислам дека тука во Шпанија сите сакаат кога еден фудбалер сака да нападне еден на еден. Тоа што е посебно тука во Барселона, но и во Реал Мадрид и останатите клубови е фактот дека играчите се во можност да нападнат и двајца или тројца ривали. Тоа е тоа што го сакаат навивачите и тоа мораме да го штитиме“, изјави Флик.

Се вчитува...